„Сопственикот на Никоб групација решава да инвестира во здравствениот сектор, да се зајакнат услугите кога се работи за живот – брза помош. Сериозен возен парк има, тоа е овозможено со 10 амбулантни возила, 2 санитетски и 3 леки коли, 24 тима од доктор, медицинска сестра и професионален возач. Не е лесно и едноставно, посебно во човечкиот фактор затоа што има егзодус на „белиот мантил“. Се трудиме да има квалитетна работна средина“ – вели доктор Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на ПЗУ „Никоб Медикал“ и „Никоб лаб“ во најновото издание на Трилинг.
Доктор Баевска-Вучковиќ вели дека „сериозно ја покриваме територијата на државата пред се за медицински транспорт. Нашите возила за 1 година имаме поминато над 40.000 километри. Излегуваме во пресрет на наши пациенти кои живеат во други држави. Сме носеле пациенти во Германија, Италија, Турција, Грција. Имаме над 10.000 интервенции за 1 година“.