Моџо Килингтон: Ахмети рече – тие се историја и иднина, ако е таква иднината – да гасиме светло!

„По 3 недели штрајк – еве сум пак на работа, кој работи, тој нема“

„Од културата, веќе не е само Скопје, ДУИ отвори кула во Слупчане, целиот крем беше таму, Ахмети рече тие се историја и иднина, ако е таква иднината да гасиме светло“.

„Два значајни јубилеи 119 години од смртта на Гоце Делчев, ни Ковачевски ни Мицкоски не му оддадоа почит“

„И Битола живна културно, се отвори клубот Ванчо Михајлов. Пораките беа исти па исти, дека Македонците не постојат, измислени се. Политичката наука не може да го реши проблемот“

„Штрајкот на наставниците прекинат, децата сакале да учат, тие се иднината на земјава. Штрајкот прекинат поради заканите од министерката за труд и социјала, дека ќе има откази“

„Државата ќе се задолжува, 900 милиони за Буџетот, а може и да ги поделат на народот, сите да аплицираме за германска виза. 30 години се секираме овде и ништо не видовме ќар“ – порача Моџо Килингтон во рубриката (Не) реално со Моџо.