Трилинг – три карти со иста вредност дома соседството, свет

Мисла, анализа, став, живот, процеси, личности.  Ние со амбиции, тие со рецензии.

Трилинг-слика на карактери или секој за сите. 

Трилинг “ е  посветен на заложбата јавноста да добие точни и кредибилни информации. Применувајќи високи стандарди во новинарската работа, се обидуваме граѓаните да ја видат целата слика врз основа на фактите што ги презентираме. тргнувајќи од потребата и глад за точни инфорации на граѓаните,  слободен простор за вистинските новинари и оние кои тоа сакаат да бидат,  по професионалните стандарди на еснафот.  Ние се обидуваме да направиме избор на она  што се случува дома, и во регионот, но и да ги следиме светските настани.

Покриваме приказни за најширокиот спектар граѓани, без оглед на нивната етничка, расна, полова припадност, религија, политичка или друга ориентација. Овој принцип  е основен столб на функцинирањето на ТВ и он лајн магазинот Трилинг.   Веб порталот Трилинг есе применува во нашата редакција.

Мисијата е да промовира демократски вредности и институции и да ги унапредува човековите права со известување и вести во земји каде што слободното новинарство е попречувано од владата или не е целосно воспоставено. Преферираме  нецензурирани вести, теми, интервју и анализи и да  информираме врз основа  на  фактите, недопрени од притисок или од обиди за влијание.​

За ТВ магазинот и веб порталот Трилинг стои Друштвото за маркетинг и продукција Ин Ваго  кое беше продуцент на телевизиските проекти  „ Ако е ..“ на МТВ,  „25 години  Приватизација“ , „Фактор 24“,  „Пантомима“.