(ВИДЕО) Ивановски: Парите не треба да стојат под перница, потребно е да се инвестираат

➡Се чувствувам среќен, а зборот богат може да го дефинирам малку различно. Мене не ми претставува богатство само јас кога имам. На мене ми е подобро и луѓето околу мене кога имаат, заради тоа што кога имаш само ти, едноставно настанува проблем. Џабе и ако имам многу средства, ако школството за моето ете е лошо или болницата каде се лечиме е на лошо ниво.➡ Во денешно време, вели Ивановски, сите мора да размислуваме за парите. Јас нив не ги гледам како нешто или да сакам да имам одредена бројка. Само ги гледам како инструмент за да можам да стигнам до нешто, да помогнам некаде или да си остварам некои желби. На тој начин ги гледам парите“, додава Ивановски. ➡ Но ако мое мислење треба да дадам, за мене секогаш американските компании претставуваат најдобро место за инвестирање, заради тоа што ако и историски погледнеме, во последните 60 години може да забележиме дека растот на економијата и на целиот индекс S&P 500 со стапка секоја година по 11%“, смета Ивановски. ➡ Не треба парите да стојат под перница. Значи треба да ги ставите на некое место. За тоа ние отворивме инвестициски фонд. Поентата е тие луѓе што имаат работа, на пример како вас, или некој доктор, адвокат, што нема време сам да се занимава со инвестирање, го доверува парите во инвестициска куќа, таа спрема него прави портфолио и му ги менаџира средствата.

Се чувствувам среќен, а зборот богат може да го дефинирам малку различно. Мене не ми претставува богатство само јас кога имам. На мене ми е подобро и луѓето околу мене кога имаат, заради тоа што кога имаш само ти, едноставно настанува проблем. Џабе и ако имам многу средства, ако школството за моето ете е лошо или болницата каде се лечиме е на лошо ниво.

-Така што јас би се чувствувал среќен и богат ако во моментот можам да направам повеќе за Македонија, каде сите би имале повеќе. Во таа ситуација би можел да одговорам дека се чувствувам среќен и богат“, вели за „Трилинг“ Иван Ивановски, претприемач.

„Во денешно време, вели Ивановски, сите мора да размислуваме за парите. Јас нив не ги гледам како нешто или да сакам да имам одредена бројка. Само ги гледам како инструмент за да можам да стигнам до нешто, да помогнам некаде или да си остварам некои желби. На тој начин ги гледам парите“, додава Ивановски.

Прашан во што денес е најдобро да се инвестира – недвижности, криптовалути, купување на акции, Ивановски вели дека не може да даде финансиски совет заради тоа што моментално е сопственик и на инвестициски фонд.

„Но ако мое мислење треба да дадам, за мене секогаш американските компании претставуваат најдобро место за инвестирање, заради тоа што ако и историски погледнеме, во последните 60 години може да забележиме дека растот на економијата и на целиот индекс S&P 500 со стапка секоја година по 11%“, смета Ивановски.

Тој вели дека е доста едноставно парите да работат за нас.

„Не треба парите да стојат под перница. Значи треба да ги ставите на некое место. За тоа ние отворивме инвестициски фонд. Поентата е тие луѓе што имаат работа, на пример како вас, или некој доктор, адвокат, што нема време сам да се занимава со инвестирање, го доверува парите во инвестициска куќа, таа спрема него прави портфолио и му ги менаџира средствата.

-Од друга страна го имаме делот со Prime Class. Таму ги учиме луѓето, сами да си ги менаџираат средствата и да си купуваат сами акции, вели Ивановски.

Имајќи ги предвид случувањата со одредени банки и штедилници каде луѓето народски кажано беа попарени од одредени несреќни случаеви, Ивановски го прашавме колку е денес сигурно средствата да ги чуваме во банка.

„На ова прашање најверојатно ќе треба да одговори некој од Народна Банка. Јас парите највеќе ги чувам во акции. Да ви ја покажам мојата денарска сметка, имам многу малку ликвидни средства, Реално држам помеѓу 1000 и 10000 евра. Но тоа си е мој тип. Сите средства ми се инвестирани на берза. Тоа е мој начин. Не треба секој да има ист начин на менаџирање на средствата. Кога купувам куќа на пример јас користам кредит. Ако ги имам средствата и можам да ги земам во кеш, мене повеќе ми се исплати средствата, парите да работат за мене и да стојат на берза и да генерираат приход од 11%, вели Ивановски.

Тој смета дека на Македонската берза и треба малку повеќе стимулација и работа.

„Реално, ако инвестирате во некоја македонска компанија, на пример нафтена компанија, се поставува прашањето што може она повеќе да направи? Не може да изгради уште 50 бензински, нема повеќе луѓе во Македонија за да прават повеќе потрошувачка. Од друга страна гледате на американската берза компании како Google, како Meta, дека растат секоја година. NVIDIA зголемува по 100% профит секоја година и нормално, како и поатрактивно да биде луѓето да си ги стават средствата таму отколку на Македонската берза“, додава Ивановски.

Прашан зошто постојано ја форсира тезата дека не е добро решение да се затвораат кредитите, Ивановски вели дека тој секогаш зема кредити на максимален рок.

„Обично инфлацијата таргетот е некаде помеѓу два и четири проценти, а ако земете кредит со три посто камата, ви испаѓа како бесплатни пари, и нема за што јас тие средства да ги вратам назад на банката, туку на мене многу повеќе ми одговара тие средства да бидат во некои компании на берзата и тие да прават пари за мене. Тоа се користи во западните земји. Само кај нас едукацијата не е на уште толку високо ниво, и луѓето некогаш не сакаат да се занимаваат со вакви работи, а доста се едноставни за да ги сфатите и да ги научите, смета Ивановски.

Осврнувајќи се на податокот дека во Македонија се купуваат многу станови, а истовремено истите стојат празни, и дали е тоа добра инвестициска зделка или можеби затворање на валкани пари, Ивановски вели дека во Македонија на тоа ниво е едукацијата и дека не ги окривува луѓето.

„Тоа е затоа што толку знаеме. Не биле претходно отворени американските берзи за да знаат луѓето како функционираат. Тука луѓето имаат две опции. Едната опција е да ги чуваат арите во банка и знаат дека инфлацијата им ги јаде и сами можат да забележат дека пред 5, 10 години со истите пари што се можеле да купат, а сега што можат. Некој ќе рече дека инвестирањето е ризично. Ризично е ако ги чувате парите на сметката. Така 100% губите. А доколку инвестирате може повеќе да направите. Е сега паралела со становите. Тоа си го знаеле луѓето и тој тип на генерации тоа го пренесуваат на младите, но тоа постепено ќе се промени. Заради тоа што тие прават паралела – парите да ми стоеја во банка ќе беа толку, а станот го купив јас 600 евра м2, сега е 2500. Но проблемот каде е проблемот. Македонија не е држава каде наталитетот се зголемува. Ние имаме тренд на опаѓање. Што ќе се случи кога нема да има побарувачка за станови?“, прашува Ивановски, и ја спомнува поговорката дека „Најризично е да ги чуваш средствата, заради тоа што на тој начин секако ги губиш.

„Инфлацијата ги јаде средствата. Економијата е така направена така за да треба ти да ги ставаш некаде средствата за да не ги губиш“, вели Ивановски.

Ивановски е еден од иницијаторите на Support Kocani вели дека тие се цело време со кочанчани.

„Ние дадовме изјава и ветување уште од почетокот – дека ќе биде присутно се додека последниот не се излечи. Последниот уште не се излечил. Има луѓе на кои што треба да им се прават пластични операции, луѓе на коишто им фалат екстремитети. Тоа е долгорочен процес“, вели Ивановски.

Говорејќи за случајот со Алта банка, Ивановски смета дека во Македонија доста работи поминаа – од Алта банка, Еуростандард банка и слично.

„Во последниот случај имам чувство како добро да се менаџира ситуацијата на крајот, дека ќе се најде купец за банката, никој ништо нема да изгуби. И сметам дека Народната банка ги има работите под контролата“, вели Ивановски.

Целото интервју погледнете го во разговорот