Пет лица земале плата без да одат на работа, „Водостопанство“ оштетено за над милион денари
Раководител на подружницата „Брегалница“ на „Водостопанство“ во Кочани доби кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, откако во платни списоци внесувал пет лица кои воопшто не се појавувале на работа, соопшти полицијата.

Станува збор за 61-годишниот кочанчанец Б.Б., кој раководел со подружницата во периодот од 25 ноември 2022 до 16 октомври 2024 година, а пријавата против него по член 353 од Кривичниот законик е доставена до Основното јавно обвинителство Кочани. Според полициските информации, од март 2023 до јануари 2024 година тој редовно доставувал списоци за исплата на плати за петте лица иако тие не извршувале никакви работни задачи.
На тој начин на „Водостопанство“ му била причинета материјална штета од 1.023.683 денари, додека петте лица се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 693.101 денар – при што поединечно им биле исплатени 226.914, 221.221, 199.029, 23.745 и 22.192 денари.