
ВИДЕО) Николовски: Вториот пензиски столб е стабилен и е во функција на резервен фонд
➡ Спомнати беа предложените измени во законите. Оваа одредба од 6% е дефинирана со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, коешто во моментов се брише и она што можевме да го чуеме како образложение од носителите на јавни политики, дека тој процент останува и ќе биде пренесен во друг Закон, односно во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување каде што се одредуваат стапките на сите придонеси покрај за пензиско, за здравствено и за невработеност. ➡ Подолг период има доцнење со уплата на придонесите за вториот столб, и она што е позитивно, а што можеби не е забележано во оваа дебата. е што се најавуваат измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, каде што улогата за прераспределба на придонесите меѓу првиот и вториот столб сега се пренесува на УЈП и при самата исплата на плата од страна на работодавачот, веднаш да оди распределбата помеѓу првиот и вториот столб на соодветните придонеси“, изјави за „Трилинг“ Маријан Николовски, претседател на Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиските фондови, околу тоа како во иднина ќе се распределуваат пензиските придонеси и дали постојат заостанати обврски кон приватните фондови. ➡Во моментот ние како Асоцијација очекуваме да биде објавена и измената на соодветниот Закон за придонесе од задолжително социјално осигурување, особено што последните се објавени на ЕНЕР. Да, точно е дека имаат одложено дејство одредбите од 1-ви јули 2027 година, но убаво би било сето тоа да оди паралелно како процес, смета Николовски. ➡Ние сме некаде на половина од реформата. Точно е дека се создава еден вид на транзициски дефицит за придонесите кои што одат во вториот столб, но тој е планиран и кога ќе дојдат на ред за исплата во поголема мера средства од вториот столб се очекува тој сооднос да се избалансира.➡Ние кога започнавме со реформата во 2005-та година, вкупната стапка на придонес беше 21,2%, зборувам за пензиско и инвалидско осигурување. Таа постепено низ годините се намали до 18%, за потоа повторно да се зголеми на денешните 18,8%. Целта на зголемува на придонесот од бруто платата би значело повеќе приходи, пред сѐ за државниот фонд. Но тука треба да се увиди малку подетално дали од постојните вработени може да се зголеми приходната база, односно базата за придонеси. Што би сакал тука да кажам? Во моментов имате вработени кои што плаќаат за тековните пензионери, но немаме точна пресметка колку од нив се на која плата пријавени, дали можат да се пријавени на повисока плата, дали можеме во делот на сивата економија да вклучиме повеќе луѓе да се формално вработени на пазарот на труд и на тој начин да се зголеми приливот за државниот фонд“, вели Николовски.
„Би сакал да објаснам како функционира во моментов системот на уплата на придонесите кон државниот пензиски фонд и кон вториот столб. При секоја исплата на плата од страна на работодавачот, зборуваме за бруто платата вкупниот процент на придонес за пензиско инвалидско осигурување се уплаќа на буџетска сметка на Фондот на пензиско инвалидско осигурување на Македонија, а тој е должен веднаш, а не подоцна во рок од пет работни дена да ги префрли оние 6% коишто припаѓаат на вториот столб на соодветна сметка во банката чувара.
-Спомнати беа предложените измени во законите. Оваа одредба од 6% е дефинирана со Законот за пензиско и инвалидско осигурување, коешто во моментов се брише и она што можевме да го чуеме како образложение од носителите на јавни политики, дека тој процент останува и ќе биде пренесен во друг Закон, односно во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување каде што се одредуваат стапките на сите придонеси покрај за пензиско, за здравствено и за невработеност.
-Подолг период има доцнење со уплата на придонесите за вториот столб, и она што е позитивно, а што можеби не е забележано во оваа дебата. е што се најавуваат измени во Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, каде што улогата за прераспределба на придонесите меѓу првиот и вториот столб сега се пренесува на УЈП и при самата исплата на плата од страна на работодавачот, веднаш да оди распределбата помеѓу првиот и вториот столб на соодветните придонеси“, изјави за „Трилинг“ Маријан Николовски, претседател на Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиските фондови, околу тоа како во иднина ќе се распределуваат пензиските придонеси и дали постојат заостанати обврски кон приватните фондови.

Говорејќи за тоа дека сѐ уште не е јасно кои ќе бидат последиците од бришењето на дел од членот од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и тоа дека постојат различни дилеми и стравувања во јавноста, Николовски вели дека пред сѐ се создава несигурност кога за тие два члена измената не оди паралелно. Значи да беше избришана во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и веднаш да беше понудено решение за пренесување на соодветниот член во законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, сите ќе констатиравме дека се прави за техничка измена и усогласување.
-Во моментот ние како Асоцијација очекуваме да биде објавена и измената на соодветниот Закон за придонесе од задолжително социјално осигурување, особено што последните се објавени на ЕНЕР. Да, точно е дека имаат одложено дејство одредбите од 1-ви јули 2027 година, но убаво би било сето тоа да оди паралелно како процес, смета Николовски.
Околу дефицитот на Пензискиот фонд, вклучувајќи ги и обврските на ПИОМ е речиси 5,2% од БДП или околу 1 милијарда евра годишно, и дали ако оваа спирала на постојано барање средства Владата од државната каса да издвојува за ПИОМ ќе создаде помалку нефункционален Пензиски фонд, ако овој начин на функционирање како што е сега поставен ПИОМ продолжи, Николовски се наврати на 2005-та година, кога беше констатирано дека соодносот помеѓу бројот на вработени и бројот на корисници на пензија или пензионери е долгорочно неодржлив за да може системот да функционира само по принцип на тековно финансирање, односно од тековните вработени да се исплаќаат пензиите за тековните пензионери.
„Токму затоа е воведен вториот столб, во функција на резервен фонд или да кажам каса, во која што сите негови членови му плаќаат дел од придонесот за пензиско и инвалидско осигурување и тие средства не се користат за тековна исплата на пензии, туку наменски се вложуваат, се инвестираат со цел долгорочно да се оплодат, а кога ќе дојде на ред да се исплаќаат пензии за овие осигуреници, тие ќе имаат пензија од комбиниран извор. Дел ќе земаат од државниот фонд, дел од личната сметка во вториот столб.
-Што е поентата на реформата од системски аспект? Бидејќи ПИОМ и понатаму задржува повеќе од 2/3 од вкупниот придонес, а кога ќе дојде на ред исплатата би се поделила обврската за исплата на вкупниот износ помеѓу првиот и вториот столб, долгорочно на тој начин се цели да се избалансираат приходите и расходите на државниот фонд.
-Ние сме некаде на половина од реформата. Точно е дека се создава еден вид на транзициски дефицит за придонесите кои што одат во вториот столб, но тој е планиран и кога ќе дојдат на ред за исплата во поголема мера средства од вториот столб се очекува тој сооднос да се избалансира.
Осврнувајќи се на тоа дека во една од можните реформски зафати се предлага и зголемување на придонесите и можеби поместување на старосната граница до пензионирање, и дали тука може да се бара решението, Николовски објаснува кој би бил ефектот од тие мерки.
„Ние кога започнавме со реформата во 2005-та година, вкупната стапка на придонес беше 21,2%, зборувам за пензиско и инвалидско осигурување. Таа постепено низ годините се намали до 18%, за потоа повторно да се зголеми на денешните 18,8%. Целта на зголемува на придонесот од бруто платата би значело повеќе приходи, пред сѐ за државниот фонд.
-Но тука треба да се увиди малку подетално дали од постојните вработени може да се зголеми приходната база, односно базата за придонеси. Што би сакал тука да кажам? Во моментов имате вработени кои што плаќаат за тековните пензионери, но немаме точна пресметка колку од нив се на која плата пријавени, дали можат да се пријавени на повисока плата, дали можеме во делот на сивата економија да вклучиме повеќе луѓе да се формално вработени на пазарот на труд и на тој начин да се зголеми приливот за државниот фонд“, вели Николовски.
Целиот разговор погледнете го во видеото