Пендаровски: Помилувања мора да има

 Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден“. Ова е пораката која денеска ја упати претседателот на државата – Стево Пендаровски.

Тој истакна и дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак две се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова Година и 2. Август.

Пендаровски појасни дека помилувањата поминуваат преку неколку нивоа пред да стигнат до Претседателот.

Претседателот вели дека помилувањата ги предлагаат Управите на затворите до Министерството за правда, од каде се препраќаат кон постојаната Комисија во Кабинетот на Претседателот, од каде потоа одат кај Претседателот.

„Сосема е независно какви се претходните одлуки на Управата на затворот, што предлагаат тие. Независно што предлага Министерството за правда и независно што предлага мојата комисија во Кабинетот – јас можам да одлучам како сакам. Можам да прифатам, а можам и да одбијам“ рече Пендаровски.