
Форумот на жени на СДСМ против омразата и навредите на Миленко и Тасевски, најавуваат и пријави
„Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените“, стои во соопштението од СДСМ.
„Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените“, стои во соопштението од СДСМ.
„Последни жртви на срамни напади и говор на омраза се македонската пејачка Каролина Гочева, како и континуираните навреди, клевети и омаловажувања кон нашата портпаролка и жените од СДСМ. Форумот на жени на СДСМ ги осудува и најавува дека ќе поднесе соодветни пријави. Одговорност мора да има.
„Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде разрешен од функцијата извршен директор на ФК Вардар. Сашо Тасевски да биде соодветно санкциониран и да му бидат блокирани видеата на социјалните мрежи полни со навреди и понижувања за жените.
-Сето ова е резултат на политиката на говор на омраза, поделби и пропаганда што со години ја гради ВМРО-ОКГ, со помош на орбановата мрежа на медиуми и ботови, ликови како Латас како медиумски координатор, и се тоа со амин лично на Христијан Мицкоски. Овие повампирени ликови од времето на Груевски, постојано шират навреди, лаги, конструкции и говор на омраза кон опозицијата, новинари, активисти и жени кои јавно говорат во името на СДСМ или против власта. Армијата на ботови на ВМРО-ОКГ координирано шири клевети, омаловажувања и закани на социјалните мрежи. Станува збор за организирана кампања на омраза и деградација против неистомислениците. Секој што размислува слободоумно, или што ја критикува владата е таргет.
-Оваа организирана криминална банда систематски го дели општеството, создава вештачки поделби и поттикнува атмосфера во која омразата станува политичка алатка. „Талог на општеството“, „мочуриште“, „мекотели“, целата оваа реторика е дел од таа политика и атмосфера што се создава. Фактот што Унијата на жени на ВМРО не најде сила да ги осуди овие навреди и понижувања е уште една потврда. Молчењето е охрабрување на насилството и соучесништво. До кога ќе молчите? Ова е прашање на достоинство и почит кон жените во нашето општество.
Обединувањето на сите прогресивни сили околу Фронт за вистината и правдата значи продолжување на борбата против секоја форма на насилство, омраза и деградација на жените“, порачуваат од СДСМ.