Албанија се подготвува да испрати војници во Газа

Албанскиот министер за одбрана, Ермал Нуфи, потврди дека земјата се подготвува да испрати војници во Појасот Газа, за што албански тим веќе е испратен таму за ја согледа ситуацијата на терен.

Албанскиот министер за одбрана, Ермал Нуфи, потврди дека земјата се подготвува да испрати војници во Појасот Газа, за што албански тим веќе е испратен таму за ја согледа ситуацијата на терен.

-Во рамките на својот ангажман во Мировниот одбор, Албанија презеде мерки за преглед на ситуацијата во Газа. Појасот Газа е под безбедноста на израелските одбранбени сили и секоја инспекција на војниците таму се врши преку меѓународните сили за стабилизација и израелската армија. Испративме тим внимателно да ја набљудува локацијата и ситуацијата на терен, за да можеме да разбереме каде и како можеме да се распоредиме, изјави Нуфи.

Меѓународните сили за стабилизација произлегуваат од план од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп.

Нуфи објави дека Генералштабот на албанските вооружени сили подготвил конкретен план, кој се очекува да се реализира на неколку нивоа и фази во врска со ангажманот на Албанија во Газа, но не откри повеќе детали.

Началникот на Генералштабот, Арбен Кинѓи, потврди дека Албанија во моментов е во процес на изготвување на практичните и правните документи за испраќање војници во мисијата.

-Генералштабот прави точна процена во врска со мисијата, задачите, безбедноста на персоналот, правилата за ангажман и логистичката поддршка. Првиот албански контингент што може да биде распореден во Газа ќе биде дел од штабот на Меѓународните сили за стабилизација, а потоа ќе се разгледа можноста за поширок придонес со војници, изјавил Кинѓи, објавија медиумите.