Часот на планетата Земја ќе биде одбележан со гаснење на светилки
Часот на планетата Земја ќе биде одбележан со гаснење на светилки во времетраеме од еден час ширум светот. Милиони луѓе ширум светот во исто време во своите домови ќе го исклучат осветлувањето во знак на солидарност за планетата Земја.
Кон акцијата неколку години наназад се приклучува и нашата земја. Светилките ќе бидат изгаснати во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време.
Часот на планетата Земја е најголемата светска еколошка акција, која секоја година обединува милиони луѓе ширум светот.