Бајден: Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Путин со воведување историски санкции

САД и Канада ќе продолжат да вршат притисок врз Русија со воведување санкции од „историски размери“, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Ќе продолжиме да вршиме притисок врз Путин со воведување историски санкции и ограничувања“, рече Бајден на заедничката прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Бајден рече дека Америка ќе продолжи да испорачува воена и хуманитарна помош за Украина.

Американскиот лидер се осврна и на неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, велејќи дека приближувањето меѓу Русија и Кина е „претерано“, додека Америка е далеку поуспешна кога станува збор за формирање сојузи.

„Какви обврски презедоа на себе во однос на економијата? Зошто се зголеми трговијата“, праша Бајден новинар кој побара од него да ја коментира средбата на рускиот и кинескиот претседател.

Инаку, американскиот претседател ја посети Отава помалку од една недела откако кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Москва.