Богољуб Кариќ ќе се кандидира за претседател на Србија

Движењето чиј основач е Кариќ ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изрази почит кон демократски изразената волја на граѓаните.

Извршниот комитет на Движењето за силата на Србија едногласно одлучи да го предложи српскиот тајкун Богољуб Кариќ на главниот комитет на движењето за кандидат на претстојните избори за претседател на Србија, пренесоа српските медиуми.

Движењето чиј основач е Кариќ ѝ честиташе на Студентската листа за победата на парламентарните избори и изрази почит кон демократски изразената волја на граѓаните.

Во соопштението, движењето наведува дека „претседателските избори претставуваат можност за сериозна дискусија за иднината на Србија, улогата на претседателот на Републиката и потребата од надминување на политичките и социјалните поделби“ и дека „е потребно помирување кое нема да ги укине политичките разлики, туку ќе овозможи нивно решавање преку дијалог“.