Опозицијата тврди дека Ковачевски и Груби не можат да убедат десет свои пратеници да гласаат за уставните измени

Ковачевски не кажува дали три пратеници Социјалдемократскиот сојуз од 1 и 2 изборна единица рекле дека нема да поддржат вакви уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од партијата наведуваат дека Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале оти гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи.

„Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики.

Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката.

Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени.

Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.