Ако се обични хируршки маски, Грците ќе мораат да носат по две за да влезат во супермаркет или во јавен превоз и тоа од 3. јануари следната година.
Ќе може истото да го сторат и со една маска врз устата и носот, но само доколку таа е „КН95“.
Ова денеска го најави , грчкиот министер за здравство – Танос Плеврис.
Новите рестрикции се превдидуваат затоа што денеска во Грција беа забележани рекордни 9.284 новизаразени од коронавирус.
„Очигледно, омикрон-сојот се прошири низ целата земја, особено во поширокото подрачје на Атина, каде што се забележани голем број случаи“ – рече Плеврис.
Со новите мерки се предвидува и локалите да затвораат на полноќ, а бројот на гледачи на фудбалските стадиони да биде ограничен на 10 отсто од капацитетот на стадионот.
Работата од дома ќе биде задолжителна во приватниот сектор во ситуации кога тоа е можно, а посетите во домовите за стари лица ќе бидат дозволени само на лицата кои ќе покажат негативен ПЦР тест.