Избрано новото раководство на СДСМ

Стефан Богоев, Фатмир Битиќи, Бисера Костадиновска Стојчевска и Перо Костадинов се новите потпретседатели на СДСМ избрани на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата. За генерален секретар на СДСМ е именуван Миле Зечевиќ.

„При изборот на нови потпретседатели се раководев од тоа во тимот да има искусни луѓе препознатливи во својот ангажман во СДСМ, но и млади кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности“ – рече на прес-конференција по ЦО лидерот на партијата, Димитар Ковачевски.

За организациски секретар е избран Вангел Андрески, а за секретар за меѓународна политика Бојан Маричиќ. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска ќе го продолжи мандатот добиен на Конгрес.

Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, и Никола Рилак.

Ковачевски најави формирање советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, чиј претседател треба да биде Игор Ивановски.

Ковачевски, на прес-конференцијата најави дека новата влада ќе биде изгласана во средината на јануари, најдоцна до 18 јануари 2022 година. Рече дека новата влада ќе биде ориентирана на економијата, заштитата на здравјето…