ЦО на СДСМ го избрал Ковачевски за нов мандатар

Димитар Ковачевски – претседателот на СДСМ на социјалните мрежи вечерва објави дека ЦО на партијата го одбрал тој да биде мандатар на идната Влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“ – напиша Ковачевски на Фејсбук.