Бројот на регистрирани активни случаи на Ковид-19 во Македонија вчера падна под 5.000, а намален е и за околу 5 проценти бројот на позитивни на вирусот од направени анализи, соопштија здравствените власти.
Вчера од 4.572 тестови регистрирани се 266 нови случаи, а починаа 15 лица.
Од Министерството за здравство информираат дека вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, а на починати е 7.894.
Кај нас е откриен првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2, кај маж кој допатувал од Велика Британија.
Надлежните – здравствени власти најавија дека за време на празниците не се предвидуваат нови дополнителни мерки во земјава, а вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата.