Крвав Божик во Бразил – шестмина загинати во пукање на прослава

Крвав Божик во Бразил откако шест лица загинаа, а пет се повредени во пукање а време на прослава на Божик на фудбалски терен, јавуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил во градот Фотралеза, во североисточниот дел на Бразил, а службата за јавна безбедност соопшти дека загинатите се луѓе на возраст меѓу 15 и 26 години.

Десет лица беа приведени, а властите соопштија дека четворица жртви и биле претходно познати на полицијата за членство во криминални организации.

Бразилските медиуми наведуваат можност дека тоа бил конфликт меѓу банди, повикувајќи се на воената полиција.