За еден ден над 104.000 заразени со Ковид-19 во Франција

ДПА информира дека вчера во Франција биле регистрирани рекордни 104.611 новозаразени со Ковид 19.

Стапката на ширење на вирусот во минатите 7 дена е околу 647 случаи на 100.000 жители.

Владата најави планови за воведување построги правила за пристап до некои локации, вклучително и ресторани и културни институции.

Според актуелните правила, посетителите мора да покажат документ дека се вакцинирани, прележале или неодамна имале негативен тест. Се очекува наскоро да се укине можноста за прикажување негативен тест.