По 19. пат новогодишна елка во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално по деветнаесетти пат ја украсија новогодишната елка под вода, кај Заливот на Коските во Охридското Езеро.

На уникатен начин уште еднаш им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Македонија.

Подводната елка ќе биде своевидна атракција за посетителите на палеолитската наколна населба во текот на претстојните празници.