Претставниците на јуниорскиот „Евросонг“ од Македонија – Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ завршија на деветтото место во Париз, Франција.
Тие имаа одличен настап со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина.
На јуниорскиот „Евросонг“ дванаесет поени (најмногу) ни додели Албанија, додека нашата 12-ка отиде за Русија.
Победник годинешниот јуниорскиот „Евросонг“ е Ерменија.