Aвтобус со фалс документи се движел на релација Скопје – Истанбул

Вчера попладне околу 17 часот, полицајци од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатната станица „Миладиновци“ конфискувале автобус, соопственост на правно лице од Скопје, кој се движел на релација Скопје-Истанбул, а бил управуван од З.М. (56), поради основано сомнение дека е направен фалсификат со регистрацијата и со бројот на шасијата.

Поради сомнение дека возачот нема лиценца за меѓународен транспорт известени биле надлежните инспектори од Државниот инспекторатот за транспорт за постапување, соопштија од МВР.

Во тек е документирање на случајот, за кој ќе следуваат соодветни поднесоци.