
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по трагичната несреќа во која животот го загуби 19-годишен моторциклист од Скопје.
Тешката сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила синоќа во Скопје, на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“.
Според полицискиот билтен, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 22:21 часот.
Во судирот учествувале патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. на возраст од 31 година од село Визбегово, и два моторцикли.
Едниот моторцикл бил „бмв“, управуван од 19-годишниот М.Ф. од Скопје, а вториот бил „хонда адв“, управуван од Н.Б. на возраст од 21 година, исто така од Скопје.
Во силниот судир, тешки телесни повреди добил 19-годишниот возач на моторциклот „бмв“.
Тој итно бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и покрај лекарските напори им подлегнал на повредите.
На местото на несреќата бил извршен детален увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.