Граѓански организации го прозваа Милошоски: Европската интеграција значи и ефикасно справување со родово базираното насилство

Мрежата за заштита од дискриминација, во склоп на кампањата „16 дена активизам“, во реакција до медиумите, упати неколку јавни прашања до претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антониjо Милошоски, при што се повикуваат на извештајот на Европската комисија за 2026 година во кој се посочени антиродовите наративи како една од причините за системските пропусти во справувањето со родово базираното насилство.

„Европската интеграција не е само декларативна заложба. Таа подразбира унапредување на родовата еднаквост, заштита на човековите права и ефикасно справување со родово базираното насилство. Милошоски, ги препознавате ли во извештајот наративите на оние што јавно ве пофалија? Зошто продолжувате да ги поддржувате истите екстремистички религиозни групи? Милошоски, како ја браните европската интеграција додека во Собранието им давате политичка тежина на актерите за кои предупредува Европската комисија?“, се вели во реакцијата на здружените организации од Мрежата.

Во соопштението до медиумите се вели дека годинава имало седум фемициди, а измените за заштита од насилство поднесени во август годинава, сѐ уште чекаат.

„Каков е вашиот став во однос на предложените законски измени за заштита на жените од насилство и што ќе преземете за нивното усвојување? Европските вредности се докажуваат со политички одлуки и конкретни постапки. Бараме јавни одговори и политичка одговорност!“, се вели во соопштението на МЗД.