Според руските власти, 21 платеник од Македонија е убиен од почетокот на „специјалната воена операција во Украина“.
Руското Министерство за одбрана објави податоци според кои во Украина од 24. февруари регистрирани се 79 платеници од Македонија.
Податоците покажуваат дека 19 ја напуштиле земјата, а во моментот таму има уште 39 македонски државјани.
Според табелата – досега во Украина влегле 6.956 платеници од странство, од кои животот го загубиле 1.956, заминале 1.779, а останале 3.211.
Рекордер според бројот на платеници е Полска со 1.831, од кои загинале 378.