Социолози и психолози едногласни: Македонците живеат во страв и грч!

Со професорките разговараше Марија Димишкова

Предолгото користење на мобилните телефони може да доведе до промена на физичката структура на мозокот на децата. Како да се постави граница од виртуелниот свет и како да се направи дигитален детокс:

„Имаше истражување дека е анализирано колку децата поминувале во он лајн настава, 3-5 часа дневно, плус во слободно време поминуваат екстра време, а истражувањата се дека деца од 8-12 години поминуваат 4-6 часа во просек само на социјални мрежи, нешто што нема релација со следење настава. Тоа е многу. Препораките на СЗО се доенчиња (до 2 години) воопшто да не бидат изложени на екрани, децата од 2 до 5 години најмногу 1 час, а од 6 до 12 години најмногу 2 часа. Препораките и она што е на терен е многу поразлично“ – вели универзитетската професорка – психолот Ана Фритцханд за Трилинг.

Слечен е ставот и на социологот Стојановска Иванова:

„Директниот контакт родител – дете не може со ништо да се замени. Сега има класично оттуѓување, последните 10 години се случи поголемо оттуѓување, пред се кај тинејџерите. Тој живее во виртуелен свет, помеѓу себе и екранот. Има лажни профили, виртуелен свет во кој некој се прикажува поинаку од она што е. Македонците живеат во страв и грч, колку пријателства се одржале во текот на пандемијата“ – вели универзитетската професорка Татјана Стојановски Иванова за Трилинг.