Талески: За шест зимски месеци тие што користат до 840 киловат часови, ќе плаќаат помали сметки за струја!

„Енергетската криза започна и пред војната во Украина, од јули се гледаат сигналите. Идејата за воведување скалесто формирање на цени за домаќинствата е заради високите цени на пазарот за електрична енергија. Треба да се прати сигнал за порационално користење на електричната енергија, воведување мерки за енергетска ефикасност. Ќе има покачување од 1 јули, неминовно е, само прашање е колку. Граѓаните треба да се спокојни до таа мерка, тие што трошат помалку (првите два блока) секое наредно покачување нема да го почувствуваат со иста мерка. Илустративно, ако во еден месец потрошите 600 киловат часови во скапа тарифа, 210 ќе платите во првиот блок, 210 ќе платите и во вториот блок, а 180 ќе платите во третиот блок“ – вели универзитетскиот професори Рубин Талески (ФЕИТ) во најновото издание на Трилинг.

Талески смета дека „блок тарифите се уште се анализираат, но не предвидуваат покачување на цената за струјата. Имаше манипулација во јавноста дека броилата ќе се читаат на 35 дена, не е точно. Ако во некој месец не стигнал инкасаторот на 30, ќе дојде на 35 дена, нема можноста за манипулација“.

„Цената во првиот блок е помала од сегашната цена, во вториот блок е речиси иста како сегашната. Тие што трошат до 420 киловат часови во висока тарифа, тие трошат исто толку во ниска тарифа, зимно време ќе имаат иста или помала сметка. За шест зимски месеци тие што користат до 840 киловат часови месечно ќе плаќаат помали сметки“ вели Талески.