Македонската Влада што поскоро да одговори на бугарскиот пакет „пет плус еден”. Брисел очекува во овој дел да види суштински напредок бидејќи тоа е патот кој ја води земјата кон почеток на преговори со ЕУ.
Времето е кратко и максимално продуктивно треба да се искористи, порачува известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија – Илхан Ќучук.
Според европратеникот историските прашања се важен дел од заедничкото минато, но сега е многу поважна иднината.
„Погрешно е да се мисли дека земјите членки ќе извршат притисок врз Бугарија бидејќи тоа е невозможно”, дециден е Ќучук.
Во однос формирањето на новата Влада во Софија и најавата на Заев за повлекување од премиерската позиција, Ќучук со став „Потребна е волја од двете страни за искрен и суштински дијалог. Премиерот Заев има неспорен меѓународен авторитет .Кој и да дојде на негово место очекувам да ги надогради постигнатите добрососедски успеси, но и да извади поуки од неуспесите и да работи на што побрза интеграција на земјата во ЕУ”, заклучува известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент – Илхан Ќучук во интервју за порталот „Трилинг“.
Трилинг: Дали етаблирањето на нови влади ќе го пролонгира меѓусебниот дијалог и симнувањето на ветото на Бугарија за почеток на преговорите ЕУ – Северна Македонија и кога очекувате рестарт на политичкиот дијалог?
Ќучук: Се надевам дека новата власт во Бугарија ќе направи се што е возможно за дијалогот. Како што многупати сум кажувал, тоа е двонасочен процес кој треба да биде решен меѓу двете страни. Треба волја и од страна на Софија и од страна на Скопје, за да се вратиме на масата на преговорите. Во спротивен случај ќе испуштиме многу можности. Сметам дека политичката ситуација во Бугарија ќе се стабилизира, од тоа потреба имаат страните, и може да се зборува во Северна Македонија за одблокирање на процесот. Прогресот е можен кога ќе се земат во предвид основни моменти, тука имам предвид „пет плус еден“. Колку јас што сум запознаен, Бугарија ги испратила пред неколку месеци, сега се очекува од Скопје да ја даде својата оценка, за продолженијата на пакетот „пет плус еден“. Тоа е важно за да продолжи договорот по еден нов начин. Беше јасно дека договорот од 2017 година загуби доверба, од двете страни. Не сакам да се враќам на причините за тоа, но сега е важно таа доверба да биде воспоставена и за тоа требаат дополнителни механизми. Зборувавме за патна карта, зборувавме за анекс, мислам дека направените конструктивни предлози со поддршка на Европската Комисија се најдоброто решение за кризата во која западнаа двете страни. Мојот совет е Скопје да ги испрати најбрзо што може предлозите, за да се искористи времето до крајот на годината за тие да бидат разгледани, идејното решение да биде предложено до ЕК.
Трилинг: Меѓукоалициските програмски разговори во Софија како да наметнуваат нов пристап во односите со соседот – заеднички културен календар, заеднички научни трибини… Дали тоа е сигнал дека дијалогот во историската комисија и нејзините решенија нема да имаат пресудно и ексклузивно влијание врз идните политички односи на двете земји?
Ќучук: Бугарија и Северна Македонија се парламентарни републики, неспорно премиерите имаат голема улога, при решавањето на општествените проблеми, но Парламентот е тој кој ги носи важните стратегиски решенија. Би рекол дека во политиката одговорноста е поделена на три: има однос кон позицијата на претседателот, има однос кон политиката на Народното собрание и има однос кон извршната власт. Едниот или другиот премиер, да се надеваме дека со добра желба, да го реши процесот е малку нереалистично. Треба да има сериозна парламентарна позиција затоа што таа што беше во бугарското Народно собрание ја загуби својата актуелност. Прво таа беше создадена пред многу време, второ многу од процесите се развија, вклучуваји и на европски план. Имаме посилен ангажман од регионот, на економски план. Имаме ангажман кон Европската комисија како дигитализација и зелената трансформација. Сето тоа ме води кон тоа дека треба да се промени позицијата на бугарското Народно собрание, во смисла тоа да биде актуелизирано, а да се намали говорот на омраза. Со официјални обраќања кои треба да доаѓаат од официјалните власти, на секоја од страните. Со главна улога на медиумите да ги прикажат добрите работи од двете страни. Да повторам, се случуваат и добри работи – взаемните бизниси, меѓу универзитетите. Добра е работата меѓу МИА и БТА, двете национални агенции. Да му покажеме на општеството, да изградиме нов наратив, кој не треба да прави пречки меѓу нас, туку напротив, да ги руши.
Да покажеме дека сме имале заедничко минато, но дека сакаме заеднички да чекориме по европскиот пат, кој разбира исползување на историското, но во разговорот за историјата ние не треба да ја загубиме иднината. Да, историјата е важна, особено на Балканот. Но иднината ни е уште поважна, и политичарите треба да работат за иднина која ќе даде отпорни решенија – во енергетиката, во општиот пазар, во инфраструктурата, во образованието, во културниот момент, во заздравување на врските, кое во крајната сметка ќе доведе до утврдување на двете страни како пријателски држави во Европската Унија.
Трилинг: Вие говорите за национализам во двете средини, но како да стивне говорот на омраза? Дали политиката на активно добрососедство е суспендирана со речникот на непријателство во двете средини?
Ќучук: Сакам некој ден Бугарија и Северна Македонија да имаат генерални амбасадори затоа што и двете земји се мали во ЕУ. Ако ја погледнете глобалната сцена, меѓународните дела се уште помали. Гледате што направи Италија со Франција, потпишаа договор за заеднички парламентарни сесии. Потпишаа договор дека ќе работат на развивање на дипломатијата на заедничко ниво.
Во Ахен, Германија, Франција и Германија веќе го направија тоа иако имаат многу тешко историско наследство, иако беа на две различни страни во време на војните. Направија така за да го поддржат европскиот идеал. Сакам Бугарија и Северна Македонија да соработуваат на тој начин – со смисла за иднината.
Трилинг: Колку се веродостојни стравувањата на екс-премиерот Борисов дека Брисел ќе ја притисне Бугарија со некои финансиски аранжмани и помош, како услов за отворање на преговарачката рамка со Северна Македонија? Дали тоа истовремено не е загуба и за заедничките економски проекти на Софија и Скопје?
Ќучук: Мислам дека тоа го зборува како опозициски политичар, од сите страни има исто расположение, ги преземаат своите одговорности, и ги имаат своите предности, под предности разбирам да го искажат своето мислење за еден или друг случај. Темата за финансиската рамка е многу сложена само по себе како земање на решение. Но заедно со тоа, и програмите, и планот за закрепнување и отпорност поминуваат низ општ механизам за кој има согласност од сите држави.
Може да си претставите, ако една држава стави вето, може и другата да го направи истото, веќе сме го гледале тоа, колку пати и Полска и Унгарија го искористија правото на вето. Не, тоа не е темата по која ќе се обединиме и со која ќе направиме пробив.
Не плашење, не притисок, во никаков случај не смее да се прави притисок врз член на ЕУ од други членки на ЕУ. Тоа е контрапродуктивно и не работи за двостраните односи. Се надевам дека го кажал тоа во време на предизборие, затоа што едно што не е точно, туку и не е можно.
Трилинг: Дали и какви гаранции би очекувала Бугарија од владата во Скопје? Дали, колку и како Унијата би можела да биде посредник до конечната реализација на обврските од потпишаниот договор?
Ќучук: Европската комисија не може да биде јавен медијатор, да застане во средината на процесот. Но со сигурност ЕК направи доста во посредувањето и да им ги даде своите добронамерни насоки кон двете земји.
Сега и ЕК, и целата ЕУ со институциите очекуваат двете страни да започнат со суштински преговори за постигнатото од планот „пет плус еден“. Тоа е патот, колку и да се заобиколува процесот, согласноста на планот „пет плус еден“ ќе не извадат од таа криза во која се наоѓаме во моментот. А таа е природна, исходот е природен, затоа што добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија ќе донесат еден нов импулс на целиот регион. Гледате колку се сложни односите на Балканот, кризата меѓу Бугарија и Северна Македонија може да се однесува и на кризата меѓу Србија и Косово, меѓу Република Српска и БиХ, не треба да се гледа на тие случувања како на изолиран процес. Туку како можност за дополнителна интеграција на регионот на Западен Балкан кон ЕУ и сето време нашиот неуспех ќе биде неуспех и за целиот регион.
Трилинг: Неодамна бевте во Скопје имавте средби со сите релевантни политички чинители. Зоран Заев најави повлекување од премиерската позиција. Дали и како промените во македонската Влада би влијаеле врз напорите на двете земји во постигнување на договор?
Ќучук: Премиерот Заев има неспорен меѓународен авторитет, со стратегиските постапки кои ги прави, докажа дека е политичар кои може да носи важни решенија, во еден многу сложен геополитички регион. Неговата позиција и по Преспанскиот договор, и по потпишувањето на Договорот со 2017 година дадоа категорично барање дека Северна Македонија може да биде сериозен партнер на ЕУ и на НАТО во регионот. Цело време тие прашања направија да си направи штета на репутацијата затоа што тоа не се лесни прашања за македонското општество. Самиот факт што толку време и темата за Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија се дискутираат неминовно му носи штета на еден или на друг политичар.
Тоа кој ќе биде нов премиер на Република Северна Македонија ќе го определат македонските граѓани на избори и ако се реши да се направи промена, тоа ќе го определи новото мнозинство и политичките сили кои ќе застанат зад него. Ние ќе работиме со секој еден македонски премиер и заедно очекувам дека тој да ги надгради постигнатите добрососедски односи, да извади поуки од неуспесите во тој процес и да работи активно за интеграцијата на Р.С. Македонија во ЕУ кое е задлабочување на реформите што ќе означи гаранција дека Р.С. Македонија дава сериозно залагање кон европските цели и сака да е дел од ЕУ.