Заев ќе го тужи Таравари ако не му се извини

Македонскиот премиер Зоран Заев преку соопштение од Владата синоќа ги демантираше, како што велат, лагите и дезинформациите дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. Ова доаѓа откако генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари синоќа во тв гостување рече дека пратеничка од неговата партија добила парична понуда за да прејде во актуелното парламентарно мнозинство.

„За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини“ – велат од Владата.

Градоначалникот на Гостивар, Таравари тврди дека пратеничката добила пари и тоа лично од премиерот Заев.

„Во оваа држава се може да се направи. Пратеничката добила понуда од другари од премиерот и лично од премиерот. Ова е циркуз држава“ изјави Таравари.