Претседателот на соседна Србија – Александар Вучиќ синоќа од Брисел, по вечерата со Жосеп Борел, со лидерите на Западен Балкан, изјави дека постои апсолутна потреба да се посвети на натамошниот напредок и работа на иницијативата „Отворен Балкан“.
„Она што ми остави посебен впечаток е вредноста на „Отворен Балкан“, за што од сега не само што сум уште повеќе уверен, туку ќе бидам и апсолутно посветен на натамошната работа на напредокот на оваа иницијатива, за што имамвме апсолутно разбирање од преставниците на Северна Македонија и Албанија, за што сум искрено благодарен бидејќи и ние се наоѓаме во нималку лесна позиција, поради поинакви околности и ситуација која не е еднаква за сите“ – изјави Вучиќ.
Тој истакна дека јуни ќе биде интересен, бидејќи се очекува голем самит, кој Французите ќе го организираат на 23. јуни.
„Ќе биде многу интересно и за одлуките што ќе се донесат. Како да објасните дека немате позитивна одлука за нив (Северна Македонија), а има за некои за кои до вчера не се размислуваше. Ситуацијата не е едноставна и мораме да носиме рационални одлуки“ смета Вучиќ.