Авион во Кина се излизгал на писта, има повредени

Патнички авион утринава се излизал на пистата при полетување во градот Чонгкинг, по што се запалил, јавија кинеските медиуми.

Во авионот „ербас А319-115“ на „Тибет ерлајнс“ имало 122 лица од кои 113 патници се евакуирани, а повредените биле префрлени во болница.

 

Кон крајот на март, „боинг 737-800“ се урна во регионот Гуангкси Жуанг, при што загинаа 132 лица во авион на „Чајна Ерлајнс“.