Петков: Во јуни ќе добиеме два брода со течен гас од САД!

Премиерот на соседна Бугарија – Кирил Петков по враќањето од САД најавил дека во јуни земјата ќе добие два брода со течен природен гас од САД, чија цена ќе биде под онаа на „Газпром“. Овој договор бил постигнат на разговорите меѓу бугарскиот премиер и американската потпретседателка – Камала Харис на последниот ден од неговата посета на Вашингтон.

Започнати биле преговори и за долгорочен договор, што ќе биде директно меѓу американската компанија и „Булгаргаз“, без посредници.

„Природниот гас ќе се испорачува со брод, најверојатно преку терминалите на Грција или Турција. Цената е договорена и е далеку под пазарната цена во моментов“, рече Петков. Според него, важно е Бугарија да има најниски цени, а бугарскиот бизнис да биде конкурентен, да има диверзификација и Бугарија да биде сигурна дека испораките нема еднострано да запрат. Договорено е количество, што е конкретно за Бугарија и ја покажува поддршката од партнерите во САД“, изјавил премиерот Кирил Петков.

Бугарија очекува количество гас и од Азербејџан.