Холандската влада со нова одлука: Блокирање на приемот на Бугарија во Шенген зоната

Според Холандската влада Бугарија не ги исполнува условите за влез во Шенген.Ова беше нејзина одлука на денешната седница.

За разлика од Бугарија,Холандија наредната недела Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, објави холандската радиодифузна корпорација.

Се уште е „прерано“ да се постигне согласност за пристапување на Бугарија – изјави Хоекстра Вопке, холандски министер за надворешни работи.

Според Вопке, Холандија може да го преиспита прашањето само кога ќе стане јасно дека Бугарија има ефективно владеење на правото и држава способна да се справи со корупцијата и организираниот криминал.

Проширувањето на Шенген зоната со трите земји е вклучено во агендата на состанокот на министрите за внатрешни работи и за правда од Европската Унија на 8 декември. Повеќето земји веќе ја донесоа својата одлука. На состанокот министрите мора да постигнат едногласен договор за прием на нови земји.Холандија и  да е единствената што ќе гласа против, Бугарија нема да добие дозвола за приклучување, забележуваат медиумот.

Холандскиот премиер Марк Руте на денешната прес-конференција изјави дека одлуката да не се поддржи влезот на Бугарија во Шенген не е политичка, туку се заснова на факти. Што се однесува до него, Холандија не е единствената земја која има сомнежи во врска со ова прашање.