Беџети: Не се работело за дипломи, туку за постапка за издавање на одредени уверенија кои немаат валидност во правниот промет

Академик Абдулменаф Беџети рече дека погрешно била лиферувана информацијата преземена од инспекцискиот надзор којшто извршил контрола на почетокот на годината и немало констатирано неправилности во записникот и немало преземено никакви мерки.

  • Не се работело за дипломи, туку се работи за постапка за издавање на одредени уверенија кои всушност немаат валидност во правниот промет. Тие уверенија се во временски период од две-три недели откако се завшрува со сите обврски. Потоа студентот добива уверение дека дипломирал по соодветна студиска програма, на соодветен факултет, во случајот правен факултет, во тригодишна програма каде се наведени 180 европски трансфер кредити.

Академик Беџети вели дека друго е што некој влегол во друга инстанца без да ги исполни пропишаните услови за кои се бараат четиригодишни студии. Вели дека не ги знае тие што биле во комисијата што ги пропуштала недипломираните студенти, меѓу кои и синот на Џафери. Во однос на инфлацијата, вели дека не влегуваме во фаза на рецесија.

  • Не верувам дека до тоа ќе дојде и треба да имаме негативен раст. Имаме висока инфлација и тоа највисока во земјите од Западен Балкан.Можеби и дел од просекот на Европа е највисок. Балтичките земји имаат повисока инфлација од нас и тоа е голем проблем. Досега одлично се справуваше со менаџирањето на овој проблем зошто рефлектираше навремено Централната банка со легитимните инструменти.

Академик Беџети смета дека идната година ќе има раст на БДП и домашната економија. Мерките на владата никогаш не се доволни, секогаш може и со поагресивни мерки. Треба да се водимне по некои стандарди. Досега квантитативно нашите мерки се далеку повисоки во финансиски обем во однос на сите дргуи земји.

  • Ние 700 милиони евра потрошивме за намалување на даноците со субвенционирање на одредени цени и намалување на одредени даночни стапки. Дали навремено? Да, но се доцни во реализацијата и се чека по три месеци за носење на законите. И денот кога владата креира такви мерки до денот на спроведување, поминале многу месеци. Ова не е првпат. Исто се случуваше и со антиковид мерките. – вели академик Беџети.