Се бира нов претседател и раководство на ЗНМ

На 17 февруари 1946 година во салата на градскиот народен одбор во Скопје се состанаа новинарите на скопските редакции и го основале првото здружение на новинари со прв претседател Мито Хаџивасилев Јасмин. ЗНМ е едно од најстарите здруженија во Македонија.

Викендов, здружението бира 26-ти претседател. Битката ја водат Младен Чадиковски, сегашниот претседател, новинарката во МРТВ Фиљана Кока и новинарот од Сител Марјан Николовски.

  • Навистина сум горд што успеавме да го подигнеме нивото на солидарност меѓу фелата, да не се делиме на наши и ваши, туку сите да гледаме напред. Има уште многу работи што може да се направат, но во изминатиот период, двата клучни закона кои ги чекавме, ги добивме. Клеветите и навредите кон новинарите се намали казната пет пати. Од 2000 евра на 400 евра, но тоа не значи дека новинарите не треба и понатаму да бидат одговорни во своите написи и до дочекавме оној закон со кој напад врз новинар да се смета како напад врз службено лице – вели Чадиковски.
  • Јас сум мотивирана да го направам ова, зошто гласно и јасно треба да бидат адресирани проблемите на новинарите. Новинарите мора да бидат прашани и тие да ги креираат медиумските полиитики. Новинари сум веќе 30 години, репортер на терен и секојдневно се судрувам со истите проблеми кои ги имаат и моите колеги. Во минатиот период ЗНМ, како да беше заспано и со штури сооштенија. – вели Филијана Кока.
  • Поттикнат од една група на млади новинари во кои гледам енергија го прифатив предизвикот да им овозможам поголем простор и шанса да бидат дел од органите на ЗНМ. За едно ЗНМ кое ќе биде обединувачко за сите новинари. Треба да се формира тимот и ЗНМ да биде структуирано и подинамично и гласно здружение. – вели Николовски.