„Тие станови не се мои“, негира Груевски

Екс премиерот Никола Груевски, на социјалните мрежи демантираше дека становите кои беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“ се негови. Тој вели дека сето тоа е дел од монтиран политички судски процес мотивиран од поранешниот премиер Зоран Заев.

Екс премиерот Никола Груевски, на социјалните мрежи демантираше дека становите кои беа запленети во случајот „Плацеви на Водно“ се негови. Тој вели дека сето тоа е дел од монтиран политички судски процес мотивиран од поранешниот премиер Зоран Заев.

„По којзнае кој пат истите медиуми објавуваат наслови и текстови дека наводни мои станови се запленети и се на продажба. И, по којзнае кој пат, принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои и дека сето тоа е резултат на еден криминален политички мотивиран судски процес во кој целта и мотивите беа политички и лични, произлезени од стравот и омразата на криминалецот и предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев.

Секој кој ја следеше судската постапка внимателно и кој памети што се случуваше, памети дека обвинителството не докажа ниту дека сум платил едно евро за тие станови (и земја), ниту дека биле во моја сопственост, ниту од каде пари за тоа (на почетокот тврдеа дека сум ги земал парите од партијата, но официјален претставник на самата партија во својство на сведок во судницата го демантираше тоа со ништо не поткрепено тврдење). Ниту пак докажаа некакво движење на некои пари во кое сум вмешан барем индиректно јас, ниту било што друго што би асоцирало дека имам било каква врска со тие станови и земјишта за кои ме обвинуваа.

Бизнисменот Јордан Камчев, кој исто така неправедно беше обвинет, односно беше обвинет со цел подоцна да биде уценет и притиснат да даде изјава против мене (како и многу други во тоа време), со која ќе бидам дискредитиран и осуден, во целата постапка се држеше достоинствено и до вистината, се до пред самиот крај, кога подлегна на уцените.

Пред да се одржи последната судска сесија во која Камчев имаше збор, тој беше повикан во обвинителството кај тогашната обвинителка Лиле Стефановска (онаа за која обвинителката Кадриу во интервју неодамна раскажа во медиумите дека барала да и направат спална соба во обвинителството).Таа му ја соопшти уцената дека ако не каже така како што таа бара од него (читај Зоран Заев), веќе е договорено тој да добие затвор од 12 години, а неговата мајка Ратка Камчева и главниот правник од неговата фирма, слични екстремно високи долгогодишни затворски казни.Во тој момент, Јордан Камчев, за да се спаси себе си, мајка си и еден од најблиските соработници, прифати во целсот да ја промени приказната која ја говореше две години и да жртвува три стана од зградата која тој ја градел…

Неговиот зет Мето Стојчевски во распрашување во судот призна дека иако сме се сретнале, никогаш со мене не разговарал за тие станови, но дека наводно Сашо Мијалков му кажал да ги чува на посебна фирма за мене, во која патем не сум имал никаква сопственост или било каква директна или индиректна поврзаност, па дури и дека клучевите се суште кај нив. Сашо Мијалков во судот го негираше тоа тврдење и кажа дека не постои таков разговор меѓу него и Мето Стојчевски ниту пак моја поврзаност со тие станови.

Можам само да замислам под кој притисок од Зоран Заев и неговите криминални структури биле и судиите во тоа време за да донесат или потврдат такви пресуди какви што носеа и да ги отфрлат аудио снимките кои се појавија во јавноста во тоа време во кои се слуша како Јордан Камчев категорично тврди дека немам никаква врска со таа земја са која ме обвинуваа, предмет кој го започнаа и го завршија без никаков елементарен материјален доказ против мене, од типот потпис, договор, плаќања пари, сопственост на форма, потекло на пари или било што, и мораа да одат на жесток притисок на дел од обвинетите да ме посочуваат мене како виновник…

За жал денес се уште Зоран Заев инвестирајќи ги своите проневерени пари во Дубаи, Таџикистан, Швајцарија, Грција и во други држави низ светот, и повремено одморајќи на луксузната јахта во Грција, сеуште не ги чувствува последиците од своите злодела не само против мене, туку и против Република Македонија и Македонците, пишува тој.