„Црно злато“ на Дуковски и Унковски – старите демони во ново руво на сцената на МНТ

Новиот драмски текст на Дејан Дуковски, „Црно злато“, во режија на Слободан Унковски, синоќа премиерно бeше изведен на големата сцена на Македонскиот народен театар. Претставата ги отвора прашањата за личниот идентитет, семејните односи, прифаќањето на различностите и судирот меѓу патријархалните сфаќања и слободата на индивидуалниот избор. Дуковски го посвети овој текст на неговиот професор Горан Стефановски, а премиерата симболично се случува на денот кога тој го напушти светов пред осум години.

Во средиштето на приказната на „Црно злато“ е едно семејство чии членови се соочуваат со различни видови транзиции – општествени, политички, етички и родови. Враќањето на Анѓела во семејниот дом ги отвора премолчените конфликти и ги става на испит односите меѓу родителите и децата, нивните сфаќања за семејството, љубовта и прифаќањето.

Динамична, духовита, понекогаш урнебесно смешна, а потоа болна и тажна, претставата не остава простор за здодевност. Дуковски и Унковски не водат низ свет во кој апсурдот и реалноста, смеата и трагедијата постојано се испреплетуваат.

Во неа се чувствуваат и траги од драмскиот свет на Горан Стефановски, како и од „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле , но сето поставено во нов современ контекст, и проговорено со денешен јазик и сензибилитет

Особено значајна е нејзината димензија поврзана со ЛГБТ-заедницата . Во општество во кое различноста се уште бара храброст да биде видлива, ваквата претстава отвара важен простор за разбирање, прифаќање и достоинство. Правото на идентитет, љубов и слобода не е привилегија, туку основно човеково право.

Сите актери се во свој елемент, со силна заедничка енергија: Јовица Михајловски, Мими Таневска, Камка Тоциновски, Нела Павловска, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Софиа Насевска-Трифуновска и Гораст Цветковски.Режијата на Унковски е смела и препознатлива, а музиката на Златко Ориѓански е посебна вредност, органски вградено, во чистата и иновативна сценографија на Бранко Хојник и минималистичките реални и иреални костимски решенија на Александар Ношпал.