
Во Тетово денеска се одржа протестен марш во организација на ДУИ, поради одлуката за промена на имињата на дел од улиците во градот.
Маршот помина мирно и без инциденти, а според проценките од терен, на него присуствуваа околу 200 до 300 лица, иако од партијата претходно најавуваа масовен граѓански протест.
Од ДУИ сметаат дека одлуката ги загрозува принципите на Охридскиот рамковен договор и правата на етничките заедници, поради што побараа таа да биде преиспитана.
Протестот се одвиваше под засилено полициско обезбедување, без нарушување на јавниот ред и мир.
Реакциите околу одлуката за преименување на улиците и натамошните постапки на надлежните институции се очекува да продолжат и во наредниот период.