Тв колумна на Петрески: Граѓаните да не купуваат лажни лекови и суплементи од огласи и статуси, бидејќи тие немаат никакво дејство

Владимир Петрески од Метаморфозис – Вистинометар смета дека појавата на голем број на огласи и статуси на лажни лекови, суплементи кои немаат никакво дејство е поврзано со ковид пандемијата.

  • Кога се појави пандемијата, граѓаните почнаа да се чувствуваат несигурни, бараа начини како да се заштитат, да го засилат имунитетот или ако фатат последиците да бидат помали и оваа желба на граѓаните ја искористија овие што продаваат вакви надрилекови. Станува збор за лекови кои не се регистрирани никаде во агенцијата на лекови и се продаваат преку огласи каде се злоупотребуваат имиња на наши познати лекари. – вели Петрески.

Петрески вели дека се употребуваат и фотографии на измислени лекари. Имињата што ги употребуваат со таквите фотографии, тие не постојат. Целта на Вистинометар е да се направи проверка на фактите и да се види дали е вистина и ако е лага, да се обележи.

  • Граѓаните ако налетаат на таков лек кој е промовиран на социјалните мрежи, да бидат внимателни. Тука медиумската заедница треба нешто да направи и да се спречи таквото рекламирање. Тука станува збор за меѓународна операција. – вели Петрески.

Потенцира дека лекарите пријавуваат кај надлежните за злоупотреба на нивните имиња.