Господинов: Човек има потреба од минатото, кога сегашноста е алармантна, а иднината уште повеќе

Писателот Георги Господинов е еден од најпреведуваните бугарски писатели, романсиер, есеист и сценарист. Во неговитедеца става акцент на минатото, но и на актуелните збиднувања. Вели дека во моментов сме во една криза, а на Балканот се чувствува посилно.

  • Тоа е кризата на разговор. Луѓето престанаа да разговараат, исто и државите, секој се затвора во сопственото минато и кога ќе се затвориш во него, ги блокираш мостовите. Мојата порака до политичарите е да погледнат што прави културата и да го направат истото.

Господинов вели дека она што го прават литературата, луѓето од уметноста на две соседни земји, покажа како треба да се прави. Ако политичарите го гледаат она што се случува во уметноста, одамна спокојно ќе разговараме.

  • Во Бугарија се издаваат многу македонски писатели и обратно. Човек има потреба од минатото, кога сегашноста е алармантна, а иднината уште повеќе. Единствениот начин е да се вратиш во минатото. Сомојот роман сакам да укажам дека и минатото може да биде опасно, стапица во која влегувајќи, може никогаш да не се излезе. – вели Господинов.

Минатото е добро кога кога некој ќе влезе во него и да излезе без да ја заклучи вратата. Станува опасно кога цел народ сакаш да во втераш внатре. Кога некој политичар сака да го направи тоа, смета писателот.