ССМ: Недела – ден на одмор е реалност!

Во Сојузот на синдикатите на Македонија денеска на вонредна седница расправаа за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од страна на Стопанската комора на Северна Македонија со која се оспоруваат измените на Законот за работни односи со кои се уредува работата во недела.

„Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите” да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат. ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.”, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор”, а „Од овие права вработените не можат да се откажат” и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори” – соопштија од ССМ.
Оттаму велат дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат.

„Милиони денари на работниците (кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа) завршувале во џебовите на „газдите” се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд. Пример само за 8 отсто од работниците кои согласно Законот за работните односи и Законот за теговија би работеле во денот недела согласно податоците на ДЗС –АРС за Третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796 671 лица , 63 734 лица се вработени. Доколку сите 63.734 работници, односно 8 отсто, работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15 194,00денари ќе им изнесува 1.140,00 ден. (760,00 + 50 отсто),ќе треба да им исплатат вкупно 72 656 760,00 ден на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, работодавачите треба да им исплатат 290.627.040,00 денари на работниците. Доколку работниците примаат просечна плата од 29.145,00 ден. дневницата изнесува 2.186,00 ден. (1457,00 +50%) треба да им се исплати 139.322.524,00 денари, односно ако ги работат сите четири недели во месецот треба да им се исплати 557.290.096,00 ден. Во пресметките не се вклучени придонесите кои треба да се уплатат на државата. Прашуваме, како ако досега овие средства останувале во џебот на овие исти „газди” кои поведуваат иницијатива поради тоа што работниците им работеа во недела без додаток на плата, тие се на работ на егзистенцијата, а не е работникот“ – истакнуваат од ССМ.