Гаврил Бубевски е нов шеф на скопското Јавно обвинителство

Обвинителот на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Гаврил Бубевски од сега ќе раководи со скопското јавно Обвинителството.

Бубевски по згаснувањето на СЈО продолжи со својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител.

Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство на РСМ, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово.