Нов закон – доживотен затвор за педофили во Русија

Во Русија едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.

Пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.