Средба Заев – Ахмети во Владатa

Македонскиот премиер – Зоран Заев попладнево се очекува да се сретне со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во Владата.

Информациите се дека средбата е во рамки на серијата средби на премиерот Заев и на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски со владините коалициони партнери, а со цел консултации и размена на мислења околу програмата на новата Влада.

Средбата доаѓа по оставката на Зоран Заев од функцијата претседател на СДСМ и официјалното преземање на партијата од страна на новиот претседател на СДСМ – Ковачевски.