Москва го смета за „непријателски чекор“ протерувањето на руски дипломати од Берлин

Протерувањето на руските дипломати од Берлин е очигледен непријателски чекор и нема да остане без одговор. Ова е одговорот од официјална Москва по протерувањето на руски дипломати од Берлин.

„Потврдуваме дека на 15 декември 2021 година, рускиот амбасадор во Сојузна Република Германија бил информиран од раководството на германското МНР за одлуката на германските власти да прогласат за персона нон грата двајца дипломатски службеници во амбасадата. Ние упативме протест, нагласувајќи дека ваквите немотивирани постапки се очигледен непријателски чекор, кој нема да остане без одговор во блиска иднина“, велат од дипломатското претставништво на Русија.