Објавени нови фотографии од возилото со кое е киднапирана Вања Ѓорчевска

Објавени се нови фотографија од возилото со кое е киднапирана убиената Вања Ѓорчевска, а најавени се и нови дополнителни снимки. Фотографиите на социјалните мрежи ги објави српскиот политичар Срѓан Ного, без да појасни од каде се добиени фотографиите и зошто ги објавува.

„Ексклузивно ја објавувам снимката од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29.30 часот, како и сите други снимки од киднаперите кои ги забележале камерите. Исто така ексклузивно ја објавувам и снимката од „киднапирањето“ на Панче Жежовски, фризерот од Велес. Ќе дозаете како течела истрагата и кој всушност ги решил двата случаи и го поврзал Љупчо Палевски – Палчо со нив…“ – најавува Срѓан Ного во објавата на Твитер.

Според датумот од фотографијата, извадена од снимка од безбедносна камера, таа е направена утрината кога Вања е киднапирана, во 07:34 минути. На втората фотографија направена од безбедносни камери на бензиска пумпа, се гледа и ликот на мажот кој го управува автомобилот, а наликува на убиениот Панче Жежовски.