Македонија ја победи Грција во Скопје со помош на сонцето од Кутлеш

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Грција вечерва во Скопје со 33-30, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство во Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со серија од 6-1 во финишот на првото полувреме заминаа на пауза со предност од три голови (18-15).

Продолжението на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ донесе многу поквалитетна игра на македонските ракометари, кои во 44 минута имаа највисока предност од плус седум голови разлика (26-19).

Најефикасен во редовите на „црвено – жолтите“ беше Милан Лазаревски со осум голови, додека Никола Митревски на голот запиша осум интервенции.