И двајца стоматолози „паднаа“ во случајот „ботокс“ – примале мито за полагање испит
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поведе истрага против двајца стоматолози, кои примиле мито од осомничена во случајот „Ботокс“. Едниот бил претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит, а другиот претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците. Уплатата била извршена на трансакциска сметка, но Обвинителството не објавува за колкава сума се работи.

Доказите се преземени од мобилните телефони одземени во рамки на друга истражна постапка против организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во случајот познат како „Ботокс“.
Во текот на денот двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Надлежниот јавен обвинител ќе предложи определување на мерки за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.
„Според досега прибраните докази, во декември 2025 година осомничена опфатена во истражната постапка поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, му дала парична награда на првоосомничениот – доктор по стоматологија и претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците, за тој, користејќи го своето реално и претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, да интервенира со цел за да се изврши службено дејствие што не смеело да се изврши.
Првоосомничениот интервенирал кај второосомничениот – претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, при што побарал од него да ја искористи својата службена положба и да ѝ овозможи на осомничената да го положи стручниот испит.
По положувањето на испитот, првоосомничениот ѝ ги доставил податоците од својата трансакциска сметка, а осомничената извршила уплата на паричен износ како награда за посредувањето. Согласно досега обезбедените докази, првоосомничениот дел од ветената награда му ја предал на второосомничениот“, соопшти ОЈО ГОКК.