
Милошоски бара помош од Шпанија за излез од европскиот ќор-сокак
Комисијата за европски прашања денеска имаше средба со Фернандо Сампедро Маркос, државен секретар за Европската унија на Шпанија на која Антонио Милошски побара шпанска помош за излез од европскиот ќор-сокак и решение кое ќе биде во корист и на Скопје и на Софија.
Комисијата за европски прашања денеска имаше средба со Фернандо Сампедро Маркос, државен секретар за Европската унија на Шпанија на која Антонио Милошоски побара шпанска помош за излез од европскиот ќор-сокак и решение кое ќе биде во корист и на Скопје и на Софија.
Милошоски е претседател на Комисијата и потпретседател на Собранието и тој сега вели дека има моментум за проширувањето на Унијата, особено со отворањето на преговарачките поглавја со Украина и Молдавија.
Според соопштението од собраниската прес-служба, Милошоски рекол дека од Шпанија, како влијателна земја членка на Европската Унија, „се очекува поддршка во надминувањето на билатералниот спор со Бугарија, преку изнаоѓање решение од заемна корист за двете страни“. Тој истакнал дека „треба да се искористи актуелниот моментум за напредок во процесот на проширување, паралелно со Украина и Молдавија, преку отворање на преговарачките процеси. Проширувањето ќе биде вин-вин ситуација во насока на обединета Европа“.
Шпанскиот државен секретар, според соопштението, ја потврдил поддршката за полноправно членство на нашата земја во ЕУ, истакнувајќи дека процесот треба да се темели на заслуги, исполнување на критериумите и почитување на европските вредности. Меѓу тие критериуми и обврски се и уставните измени. Не се наведува дали тој го прифатил барањето на Милошоски.