Локално примирје меѓу Русија и Украина стапи во сила за да се овозможи хуманитарна операција во градот Олешки

Денеска стапи во сила локално примирје меѓу Русија и Украина за да се олесни хуманитарната операција во градот Олешки кој е окупиран од Москва, соопштија двете завојувани страни во одделни изјави.

Денеска стапи во сила локално примирје меѓу Русија и Украина за да се олесни хуманитарната операција во градот Олешки кој е окупиран од Москва, соопштија двете завојувани страни во одделни изјави.

Руското Министерство за одбрана соопшти го прекинало гранатирањето во правец на украинскиот град Херсон почнувајќи од 4:00 часот наутро по московско време за да се подготви за хуманитарната операција во Олешки, „град близнак“ на Херсон.

Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец потврди на Фејсбук дека примирјето на украинската страна почнало во исто време.

Олешки се наоѓа на левиот брег на реката Дњепар, веднаш спроти Херсон, кој е контролиран од украинските сили.

Приближно 2.000 луѓе се заробени во Олешки без пристап до храна или лекови. Тие не се во можност да го напуштат градот поради присуството на мини и напади со беспилотни летала во областа, објави Асошиејтед прес.

Белата куќа минатата недела соопшти дека првата дама на САД, Меланија Трамп, помогнала во обезбедувањето на договорот за локално примирје во Олешки.